Ford ги кажа своите очекувања – загуба од 600 милиони долари за првиот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител Ford е првиот кој излезе јавно со своите проекции за првиот квартал годинава. Секако тие не се поволни, а најголема улога за тоа има пандемијата на коронавирусот која го зафати светот.

Според очекувањата, на корпорациско ниво, Ford Motor очекува да забележи загуба од 600 милиони американски долари. Тоа најмногу се должи на падот на глобалната продажба за 21%, секако поради коронавирусот.

Во моментов сите американски фабрики на Ford не произведуваат автомобили, а на глобално ниво само во една кинеска компанија се одвива производството.

Проекциите се дека загубата ќе биде и на годишно ниво, особено ако администрацијата на Трамп не додели финансиска помош.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK