Љубов голема… Поседувал 42 автомобили од Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Вљубениците во автомобили обично имаат омилен бренд, а еден од нив е и Американецот Тејлор Брајант кој во текот на својот живот имал голем број на модели од Volkswagen.

Брајант почнал со моделот Volkswagen Beetle, популарната Буба, која била неговиот прв автомобил, Оттогаш досега поседувал дури 42 автомобили од Volkswagen, а се верува дека последниот автомобил ко го купил исто така ја носи ознаката на VW.

Неговата приказна ја раскажа Volkswagen во Америка, а почна така што Брајант како дете од Чарлстон во Јужна Каролина при возење со велосипед го посетил салонот на Volkswagen и почна да учи од вработените. Шест години подоцна купил Буба произведена во 1961 година за 500 долари откако комплетно се вљубил во овој автомобил гледајќи го на семафор. Успеал да го убеди сопственикот да му го продаде и така почнал со својота VW авантура.

Со тек на времето научил доста за автомобилите и се школувал во тој правец, а добил диплома за автомобилски технологии на Техничкиот колеџ во Алкен. Потоа 12 години работел како техничар на Volkswagen, а во своја сопственост имал различни модели на германската компанија, неколку примероци на моделите Golf, Jetta и Passat. Во моментов поседува Jettа од 1999 година и нов модел од 2017 година, како и Passat караван произведен во 2004 година.

Следната цел на Брајант е да го купи реставрираниот Karman Ghia од 1967 година, како и новиот модел на Атлас бидејќи му треба повеќе простор за деца и кучиња.

Неговата страст кон Volkswagen имала влијание на другите членови на семејството. На својата сопруга и купил Golf кабриолет за петтата годишница од бракот, а првиот автомобил не неговиот син е Jetta. Голем дел од автомобилите биле и негови проекти бидејќи со време ги враќал во живот и ги продавал за да собере пари за нови проекти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK