Хакери украле податоци од Ferrari – барале пари за откуп

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на луксузни спортски автомобили Ferrari објави дека бил цел на сајбер напад врз доверливите податоци на одредени клиенти ширум светот и дека добил барање за откуп.

Ferrari „неодамна доби барање за откуп во врска со одредени податоци на своите клиенти“, се вели во соопштението на производителот.

Хакерите „имаа пристап до одредени податоци поврзани со нашите клиенти, како што се имиња, адреси, адреси на е-пошта и телефонски броеви, но не и банкарски детали“, изјави портпаролот на Ferrari за AFP во вторникот.

„Според нашите сознанија, досега ништо не е објавено на интернет. Внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде тој.

Ferrari нема да се согласи да го плати откупот, „бидејќи плаќањето на таквите барања ќе ги финансира криминалните активности и ќе им овозможи на актерите за закана да ги продолжат своите напади“, истакнува производителот.

Овој сајбер напад „немаше влијание врз работењето на нашата компанија“, уверуваат од Ferrari.

По добивањето на барањето за откуп, „веднаш започнавме истрага во соработка со водечка меѓународна компанија за сајбер безбедност“ и ги „известивме надлежните органи“, додава производителот.

Извршниот директор Бенедето Виња испрати писмо до клиентите на престижниот бренд во кое ги информира за инцидентот.

Производителот минатата година испорача вкупно 13.221 автомобил ширум светот, што е зголемување за 18,5 проценти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK