Зелени регистарски таблички за еколошки возила – и бројни погодности

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Велика Британија воведува зелени регистарски таблички наменети за еколошки возила кои не испуштаат штетни издувни гасови.

Целта на ова според секретарот за транспорт Гран Шепс е да се унапреди користењето на електрични возила кои не го загадуваат воздухот т.е. околината.

Овие возила ќе добијат регистарска табличка со зелена линија со што возилата ќе бидат препознатливи за надлежните и ќе може да користат бројни погодности како што е бесплатен паркинг и слично.

Шепс го потенцираше стремежот на Владата со кој до 2050 година во Велика Британија нема да се користи возило кое ја загадува околината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK