(ВИДЕО): Од 0 км/ч до 329 км/ч со Bentley Continental GT W12

Bentley Continental GT W12 важи за еден од најмоќните автомобили. Тоа е така благодарение на 6.0 литарскиот W12 твин-турбо мотор кој продуцира неверојатни 626 КС.

Овој автомобил кој е опремен со 8 степен ZF менувач може да постигне максимална брзина од 329 км/ч што повторно го прави еден од најбрзите автомобили воопшто, а како изгледа забрзувањето можете да погледнете на видеото во прилок.

Инаку овој автомобил започна да се произведува оваа година откако минатата беше премиерно претставен во Франкфут. Доколку сакате да го поседувате најосновниот модел ќе мора да изводите прибижно 200 илјади евра.