Започна производството на Hyundai i10 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

По минатогодишната премиера на третата генерација на моделот i10, Hyundai објави дека започна производството на овој модел, а при тоа објави и видео од производствениот процес.

Производството на овој модел се спроведува во Турција, во фабриката во близина на Измит и во Индија, во Ченај.

Централно место во понудата зазема 1,0 литарскиот трицилиндрен мотор со 67 КС во комбинација со пет степен мануелен менувач. Во понудата засега е познато дека ќе се најде и 1,2 литарскиот четири цилиндрен мотор од 84 КС.

Како дел од понудата на јужнокорејскиот производител, овој мал градски автомобил се појавува во 2007 година. Оваа прва генерација на пазарот беше актуелна се до 2013 година кога е лансирана втората, актуелна и во моментов генерација.

Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK