Долго го чекавме: Добредојде за BMW Z4

ОБЈАВЕНО НА:

Ако овој концепт на BMW Z4 навистина е предвесник на новиот модел Z4 тогаш Германците навистина создале одличен автомобил, кој плени уште на прв поглед. Се уште Concept Z4 е само прототип, но многу близок до сериската изведба која ќе се покаже на натпреварот за елеганција во Pebble Beach.

BMW Concept Z4 има типични за родстер пропорции: долго меѓуоскино растојание, долга хауба и кратка заден дел. Главниот фокус на предната страна е т.н. „носот на ајкулата“ како кај Concept 8 series. “Бубрезите” карактеристични на БМВ се многу големи, а “мрежата” зад нив потсетува на класични модели. Фаровите се заострени, а за првпат во BMW наоѓаме светла за дневно возење, една над друга, а не една до друга. Визуелно, автомобилот потсетува на Z8, но има сличности со Mercedes-AMG GT.

Задница на родстер е со едноставен дизајн и во неа доминираат стоп светла во L-облик поставени високо. Издувните цевки се интегрирани во јаглероден дифузер. Апсолутна иновација е бандажи во две бои. Благодарение на употребата на јаглерод Z4 ќе тежи околу 1.400 кг., односно околу 150 килограми помалку од Z4 E89 од 2006. Се очекува цените на новиот модел да започнат од 35.000 евра.

Кокпитот на Concept Z4 е поделен на два дела и, типично за BMW, тој е ориентиран кон возачот. За да се фокусираат на ова, дизајнерите го направиле ентериерот со две бои. Совозачкото седиште, контролната табла и средишниот дел се портокалови. Возачкото седиште, групата инструменти и воланот се во црно. Седиштата на концептот Z4 се со различни бои. Инструментите се целосно дигитални, а централниот дисплеј во кокпитот е со нетрадиционална форма, остар – но на иста висина како овој пред возачот.

Во моментов BMW не објавува ништо за погонските агрегати. Сепак, сигурно е дека моделот со внатрешното означување G29 ќе дојде на пазарот со 4 и 6-цилиндрични мотори. Тие најверојатно ќе се развиваат помеѓу 200 и 360 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK