За подобрување на квалитетот – Tesla потпиша со инженер на Volvo

ОБЈАВЕНО НА:

Поранешен високо позициониран директор во Volvo во одделот на инжинеринг, Андерс Бел ќе и се приклучи на Tesla на истата позиција како дел од намерата на компанијата да го подобри квалитетот.

Тој е поранешен раководител во одделот за внатрешен ентериер, и го потврди трансферот во Tesla.

Бел целата своја досегашна кариера ја мина во Volvo, а последните две години раководеше со внатрешниот инженеринг од развој на концептите и дизајнот. Тој беше потпишан зад внатрешноста на моделот Volvo S60L од 2015 година, исто како и SPA крос карлајн системот за седење напред што беше претставен во Volvo XC90.

Со ангажирањето на Бел, во Tesla се надеваат на подобрување на квалитетот и купувачите да го добијат он ашто го очекуваат од премиум производ. Не е познато дали Бел ќе работи и на подобрување на внатрешноста на сегашниот Model 3, или пак повеќе ќе се ангажира околу идните модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK