VW прогнозира кога ќе заврши кризата со чипови

ОБЈАВЕНО НА:

Кризата за чипови во автомобилската индустрија доведе до многу одложувања, откажувања и проблеми при производството на превозни средства. Многу фабрики не можат да ги завршат веќе почнатите возила кои се на производната лента или се паркирани чекајќи да пристигнат чиповите потребни за вградување. Тоа придонесе до зголемување на цените на новите и половни возила, и секако продолжување на рокот за нивна испорака.

Германците очекуваат подобрување на ситуацијата за околу една година. Volkswagen им даде надеж на луѓето на пазарот за нови и користени автомобили, изразувајќи светла прогноза за справување со кризата со полупроводници.

Германците очекуваат ситуацијата да се нормализира следната година, што ќе се случи во втората половина. Сегашната ситуација се очекува да продолжи на почетокот на 2022 година, но со знаци на подобрување во текот на летните месеци и целосно закрепнување на почетокот на 2023 година.

Volkswagen забележува уште еден проблем што може да се забележи во 2023 година. Присуството на премногу чипови, што исто така може негативно да влијае на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK