Произведени 1.750.000 примероци на Chevrolet Corvette

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors прослави уште еден јубилеј кога е во прашање моделот Chevrolet Corvette. Станува збор за произведени 1.750.000 примероци од овој легендарен модел.

“Пристигна 1.750.000 примерок. Corvette го чека среќниот добитник,” стои меѓу другото во соопштението на General Motors.

Јубилејниот примерок е од актуелната осма генерација која е претставена оваа година. Произведен е во фабриката во градот Боулинг Грин, Кентаки, а не е познато каде ќе биде испорачан.

Првата генерација од овој модел за прв пат започна со прозиводство во 1953 година, а оттогаш па се до денес произведени се вкупно осум генерација. При тоа во овие 67 години овој модел не се произведуваше само три години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK