Во Скопје отворена 27-та бензинска станица со брендот ОКТА

ОБЈАВЕНО НА:

Скопје доби нова бензинска пумпа, која е дел од семејството на ОКТА, односта станува збор за малопродажно место на горива со брендот на ОКТА. Со ова, малопродажната мрежа со брендот ОКТА се зголеми на вкупно 27 бензински станици, распространети низ целата држава.

Новата бензинска станица е лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. Лесно достапна за возачите, опремена со четири пумпи со најсовремена технологија, бензинската ќе понуди горива со врвен квалитет и интересни содржини за сите посетители.

Бензинската станица ќе биде отворена 24/7, а во нејзин состав се достапни и дополнителни содржини – супер маркет, автоматска авто-перална, како и ресторан на KFC.

Потрошувачите ќе бидат сигурни за квалитетот и количината на горивата кои ги купуваат, со оглед на тоа што, како и на останатите бензински станици со брендот ОКТА, и на оваа ќе се врши директна и редовна контрола на горивата преку Програма Гаранција, која е прва сеопфатна програма за контрола на квалитетот и количината на горивата во државата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK