Во Lamborghini слават – произведен 10.000 Urus

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката на Lamborghini во италијанскиот град Сант Агата Болоњезе произведен е јубилејниот 10 илјадити примерок од првиот SUV на овој производител, моделот Urus.

Овој јубилеј италијанскиот производител кој е дел од Volkswagen Групацијата го постигне по речиси две ипол години производство откако во февруари 2018 година за прв пат започна производството на овој модел.

Овој примерок, според официјалните податоци објавени од Lamborghini, е наменет за купувач во Русија и доаѓа со nero Noctis екстериер, пакет од јаглеродни влакна, двобоен Ad Personam ентериер со дополнителни елементи од јаглеродни влакна.

Под хаубата е опремен со 4,0 литарски V8 biturbo мотор со 650 КС и 850 Nm обртни моменти. Впаруван е со осумстепен автоматски менувач, а располага и со Active Torque Vectoring систем и погон на сите четири тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK