Во Европа повеќе му веруваат на управувачот отколку на автономните технологии

ОБЈАВЕНО НА:

Според едно истражување направено од Мазда во кои биле вклучени 11.008 лица, дури 66 проценти од возачите сакаат да останат зад воланот и да го управуваат автомобилот дури и доколку автономните возила станат широко распространети на пазарот. Најсериозни во тоа се во Велика Британија (71%), како и во Германија, Австрија и Полска, додека единствено во Италија се под границата од 60 проценти и се на 59 отсто

Според добиените резултати од истражувањето во Mazda не се сигурни дека постои поддршка за автономните возила кај помладите возачи. Гледано според возраста бројките велат дека групата од 18 до 24 години симпатии кон автономните возила искажале 33 проценти, од 25 до 34 години нешто повеќе и бројката е 36 проценти, а од 35 до 44 години е 34.

Околу 69 проценти од анкетираните во истражувањето на Mazdа велат дека се надеваат нивните наследници да имаат можност да ги управуваат своите коли, а во тоа најгласни се во Полска (74%), Велика Британија, Германија, Франција и Шведска (над 70%).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK