УЈП распродава автомобили – почетна цена од 400 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Управата за Јавни приходи (УЈП) објави оглас за продажба на движни и недвижни ствари.

На огласот се понудени и неколку патнички моторни возила. Така регионалната дирекција во Тетово нуди Ford Focus од 2002 година и Renault Clio со иста година на производство по почетна цена од 77.490 денари. На огласот има и Citroen C4 од 2004 година кој се продава по почетна цена од 108.486 денари.

Најевтино се продава Opel Astra од 1993 година. Почетната цена е 24.600 денари односно околу 400 евра. За малку поскапо се продава Kia Rio и тоа за 32.933 денари.

Целосниот оглас можете да го погледнете ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK