(ВИДЕО) Неверојатно: На мотоцикл се качија и се возеа 58 луѓе

Членови на „Торнадо“ кои се дел Индиски армиски корпус поставија нов светски рекорд за најголем број на луѓе на мотоцикл. На 19 ноември 58 луѓе успеаја да се возат 1200 метри со мотоцикл Royal Enfield од 500 см3 на аеродромот Јеланахка во Бангалор.

Мотоцикл бил опремен со платформи за да можат патниците да застанат. Возачот на мотоциклот Рампал Јадав ништо не видел и требаше да биде воден од командантот, мајор Бани Шарма, кој се возел во задниот дел на “композицијата” со камера поврзана со неговиот шлем.

Тимот од 150 луѓе се подготвувал 10 месеци. Ова е 20-тиот светски рекорд на Торнадо, запишан во Гинисовата книга.