Црвено Ferrari на продажба за само 24.200 евра (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку некогаш сте посакувале да дојдете до Ferarri, а притоа да не платите многу сега е шансата за тоа бидејќи црвено F430 се продава за сума од 24.200 евра. За ваква сума не може да се најде ниту прилично добра реплика на Ferrari. Сепак, автомобилот кој се наоѓа на фотографиите навистина е произведен во Маранело, но има неколку недостатоци.

На истиот му е потребен ремонт, но и нов мотор што секако новиот сопственик ќе го чини многу. Тој сигурно ќе плати неколкупати повеќе за поправка отколку што ќе плати за купување на истиот.

Црвеното F430 се продава во авто куќа во Холандија. Има претрпено големи оштетувања, а има 4,3 литарски V8 мотор со 489 коњски сили кој не е употреблив.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK