Луѓето што ја водат Toyota мораа да донесат важна одлука поврзана со производството и продажбата на моделот Avensis на европско тло. Поради слабата продажба и слабиот интерес кон седанот од класатa Д тие најверојатно ќе ја запрат понудата на ова возило.
Минатата година Јапонците продале само 24.319 возила од овој модел, а тоа е 28 проценти помалку во однос на 2016 година и седумпати помалку од лидерот во сегментот Volkswagen Passat.
Ова само ги потврди претходните информации кои велеа дека судбината на Аvensis на Стариот континент е под знак прашање. Засега од централата во Европа нема конкретна информација. Никој не потврдува ниту демантира дали е донесено решение така што уште е непознати дали третата генерација на моделот ќе добие наследник.
„Задоволни сме од претставувањето на Avensis. Се прашуваме дали следниот чекор треба одново да биде модел од D-сегментот или нешто сосема различно“, вели менаџерот на Toyota за Европа, Јохан ван Цил.
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/06/viber.png)
Следете не и на:
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/facebook-1.png)
![](https://24auto.mk/wp-content/uploads/2020/04/instagram-1.png)