Tesla прави автомобили со сè помалку дефекти

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tesla Inc. испорачува електрични автомобили со сè помалку дефекти, барем според анкетата на Bloomberg направена врз база на 5.000 испитаници кои се сопственици на електрични автомобили од овој бренд. Податоците покажуваат дека во септември компанијата добивала средno по 35 поплаки на 100 продадени автомобили, што е за пола помалку во однос на истиот месец во 2018 година.

Компанијата на Елон Маск продала повеќе од 350.000 автомобили од Model 3 – кој е најпродаваниот седан од 2017 досега. Многу од овие автомобили се појавиле на пазарот со дефекти како: напукната боја, неправилно монтирани компоненти и во некои случаи дури и механички проблеми. Овие недостатоци станаа главен аргумент за критичарите на производителот и успеаја да разочараат некои од сопствениците.

Во зависност од тоа кога е купена одредена електрична Tesla, таа може да биде дефинириана од сопственикот како најлошиот и најдобриот автомобил на светот.

Првото целосно проучување меѓу 5.000 сопственици на Model 3, направено од Bloomberg,утврди дека процентот на дефектите достигна највисоко ниво во февруари 2018 година, кога тие биле 101 од секои 100 продадени автомобили. Тогаш Tesla почна нова производствена линија и тројно го зголеми производството на Model 3.

Сега компанијата произведува речиси 100.000 автомобили на секои три месеци и првпат има податоци, кои покажуваат, дека натрупаното искуство и масовно производство во крајна сметка придонеле за квалитетот во производствениот процес.

Една деценија откако било склопено првото возило, Tesla од “лажен” производител на електрични автомобили израсна во светски лидер во овој сегмент. Тој експеримент за создавањето на новиот вид автомобил демонстрира различен пристап кон вообичаеното пристапување кон сервисирањетo и ажурирањето на софтверот. За да продолжи Tesla да расте треба да ги убеди купувачите дека може да обезбеди веродостојност, која тие ја очекуваат од гигантите во автомобилската индустрија како Toyota, Volkswagen или Ford.

За да го следи напредокот на Tesla, Bloomberg разговарал со првите купувачи на Model 3. Медиумите започнаа со прашалник од 164 прашања кои ги опфаќаат сите аспекти на постоењето на Tesla. Предвид се земаат и помалите ремонти на автомобилите, статистиката за несреќи и информација за новите функции на автопилотот.

Досега од Bloomberg се анализирани барем пола милиони зборови како повратна информација, доволно за да ги пополнат првите четири книги за Хари Потер.

Резултатите од консултациите се организирани во четири дела. Првиот го испитува самиот автомобил: сигурноста, перформансите, дизајнот и карактеристиките. Другите делови обрнуваат внимание на услугата на клиентите, полнењето, автопилотот и иднината на електричните автомобили. Целосната анализа треба да биде објавена во следните денови, но засега од Tesla одбиваат да дадат коментар.

Во февруари годинава, кога беа регистрирани најмногу дефекти, Tesla почна со извоз на својот Model 3 среде огромни промени во производството и логистиката. Ова доведе до ситуација, пола од испораките за првото тромесечие да се случат во последните десет дена.

Во септември годинава квалитетот значително се подобрува и дефектите достигнуваат рекордно ниско ниво од 35 на 100 автомобили, според анкетираните сопственици. Повеќето проблеми се поврзани со надворешниот дел од автомобилот. Бојата предизвикува најмногу поплаки, а после неа околу 12% од сопствениците пријавуваат проблем, предизвикан од неправилно поставени панели. Најмалку сигнали се добиени поради гребнатинки и вдлабнатини.

Во автомобилската индустрија, споменатите поплаки се сметаат за почетна точка за целокупниот квалитет на автомобилите бидејќи ако надворешноста е беспрекорна тогаш се смета дека оваа прецизност е пренесена на целиот автомобил. Во првите денови на Model 3 беше тешко да се испочитува овој стандард.

Недостатокот во проучувањето на Bloomberg за Tesla е дава споредливи информации за востановени автомобилски производители со повеќе години присуство на пазарот. Еден од најдолемите проучувачи во оваа индустрија – J. D. Power, пријави просек од 91 проблем на 100 автомобили во 2019 година за целиот сектор.

Сепак, главните разлики во методологиите за испитувањето ја прават директната споредба невозможна. На пример J. D. Power ги праша сопствениците за проблеми откриени во првите 90 дена, а Bloomberg прашуа за период од 30 дена. Tesla не е вклучена во годишните проучувања на J.D. Power.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK