За електрификацијата Volkswagen има адути кои што Tesla ги нема

ОБЈАВЕНО НА:

Електрификацијата во автоиндустријата е веќе почната, а оние што први почнаа веруваат дека се во голема предност пред другите. Tesla предничи во тој дел, и за нивниот нов Model 3 веќе има половина милион нарачки. За три години Tesla планира да има годишно производство од еден милион возила, а во тој период VW ќе почне со испораките на нивниот прв модел на батерии. Иако американската компанија ќе има предност Германците се уверени дека тие имаат нешто што Тesla го нема.

Она што на Volkswagen му недостасува кога станува збор за некоја почетна предност компанијата може да го надополни на глобален план и во производната експертиза, смета Херберт Дис, шефот на VW.
Tие во моментов се најголем светски производител на автомобили во светот, за што се бореа со години и конечно ја надминаа Toyota лани. Сега Дис сака да освои уште една круна, да ги направи електричните автомобили достапни на масовниот пазар.

Дис вели дека VW го завршиле финалниот дизјан на I.D. електричниот модел, сличен на Golf. Автомобилот наречен Neo ќе биде наменет за европскиот пазар, ценовно позициониран слично како Golf со дизелски мотор, со автономија од 600 км.
До 2023 година под брендот на I.D. ќе се зголеми со Crozz компактниот кросовер, што ќе има глобална мисија, со акцент на Кина. Тука е и Lounge, пространа СУВ со подолго меѓуоскино растојание од Crozz, а треба да биде наменето повеќе за американските купувачи. Спортскиот седан Aero-e е директен ривал на Tesla Model S.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK