Во САД се краде повеќе – a најмногу јапонски возила

ОБЈАВЕНО НА:

Лани во САД биде украдени 50.000 возила повеќе во однос на претходната година, а вкупно 757.800 сопственици пријавиле дека нивниот автомобил бил украден. Според извештаите на Националното криминалистичко биро за осигурување (NICB), најчесто се крадат постари возила и тоа од јапонските брендови.

Лани први на листата на украдени возила се најде Accord со 50.427 возила, а на второто место е Civic – 49.547 возила. Потоа следуваат Ford и GМ, и уште едно јапонско возило, Toyota Camry. Најчесто се крадат возила произведени во 90-те години од минатиот век, бидејќи кај нив нема вградени никакви аларми.

Кога станува збор за кражба на нови возила, тогаш на прво место е Toyota Camry со 1.116 возила и тоа сите произведени истата година. Потоа следуваат Nisaan Altima – 1.063 возила и Toyora Corolla – 963 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK