Прва петка за новата Insignia

ОБЈАВЕНО НА:

Во своето најново оценување на нивото на безбедност EuroNCAP и додели максимални пет ѕвездички на Opel Insignia потврдувајќи дека новиот модел ги задоволува и најстрогите норми за безбедност на патниците и пешаците.

Новиот модел на Opel постигна високи оценки во секоја од категориите што се оценуваше – заштита на патници, заштита на деца, заштита на пешаци и безбедносни системи на асистенција.

Коментирајќи ги перформансите на новата Insignia на креш тестирањето, Euro NCAP посебно ги пофали дват аиновативни безбедносни системи. Се работи за потполно новата активна хауба која во случај на судар се подига мерено во милисекунди, и на тој начин ја зголемува дистанцата во однос на моторот, што на пешаците им нуди дополнителна заштита, а функционира робусно во однос на широк спектар на различни телесни градени лица и широк распон на брзина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK