„Прва љубов“ – нов стилски кросовер на Haval (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Премиум одделот на кинескиот концерн Great Wall – Haval, специјализиан во производството на кросовери се подготвува да претстави нов компактен кросовер наречен Chulian /First Love (прва љубов). Премиерата на новиот модел ќе се одржи во рамки на саемот во Гуанжу. Компактниот Haval First Love отвора нови димензии во развојот на кинескиот бренд.

Кросоверот е изграден на модулната платформа на Lemon и ќе го заземе своето место во производствената линија еден чекор на компактниот Haval H2. Димензиите на моделот се 4.472 мм должина, 1.841 мм ширина, 1.619 мм висина, а растојанието меѓу оските е 2.700 мм. Надворешноста на автомобилот е целосно во согласност со современиот дизајн на брендот.

Кросоверот Haval First Love има карактеристична хромирана решетка, оригинални фавори и L-образни задни светла, моќни браници, шини на покривот, широки лакови на тркалата, прагови на вратите и светли акценти на боите низ целото тело.

Внатрешноста изгледа многу модерно. Внатре има дигитална табла, мултимедиски систем со гласовна контрола и препознавање на лица, head-up дисплеј, ротирачки менувач на опремата и огромен спектар на системи за помош на возачот.

Под хаубата напред се наоѓа 1.5-литарски турбо мотор GW4G15K со моќност од 150 коњски сили, кој е поврзан со шестстепен мануелен менувач или роботизиран менувач. Можни се и хибридни и целосно електрични верзии бидејќи платформата Lemon е комаптибилна со такви уреди. Нема информации за датумот за пуштање на моделот на пазарот како и за оперативните трошоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK