Hyundai во маки

ОБЈАВЕНО НА:

Со покажувањето на моделот Ioniq во Hyundai се надеваа на размрдување на пазарот и сериозно вклучување во борбата со Toyota. Но, уште на самиот почеток компанијата се соочува со маки, слатки но сепак маки.

Hyundai Ioniq стана хит меѓу купувачите, па сега Корејците не можат да стигнат да одговорат на побарувачката.
Проблемите се во батериите, иако компанијата имала нарачано 7.000 батерии од кинескат афирма LG Chem, побарувачката за возила е двојно поголема.

Во Кореја моделот Ioniq е најпродаван електричен автомобил, и листата на чекање е пет месеци, иако и производството е зголемено од 1.200 на 1.800 возила месечно.

Моделот е достапен во електрична и хибридна варијанта. Електричната верзија развива 118 КС, а автономијата е 250 км, со најголема брзина од 165 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK