Електричниот камион на Tesla доаѓа во септември, пикап за две години

ОБЈАВЕНО НА:

Откако се докажа во делот на автомобилите, сега Tesla се подготвува за нова авантура – електричен камион. Сопственикот на компанијата, Елон Муск „твитна“ за идните планови. А во нив на прво место се појавата на електричен камион кој треба да се појави во септември.

Засега Муск не ги открива деталите но напоменува дела новото возило што треба да биде камион е „сериозен чекор“ и тимот што работи на него веќе направиле одлична работа. Муск веќе потврди дека новиот „полу камион“ ќе ги намали трошоците за доставниот сообраќај додека безбедноста ќе биде зголемена и ќе биде навистина забавно да се вози.

Но, Tesla нема да биде прв производител што ќе понуди вакво полуелектрично возило бидејќи и BMW користи камион проризведен од холандски Tergerg, за испорака на делови во компанијата во Минхен. Nikola Motors исто така потврди дека работи на електричен камион, до дека сепак се решиле за погон на хидроген.

Муск потврди и дека компанијата работи на пикап што треба да биде промовиран во период од 18 до 24 месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK