Ford го оживува виртуелниот Fordzilla Р1 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Bugatti, Ferrari, Lamborghini – овие брендови со години се синоним за уникатни спортски автомобили. Меѓутоа сега веќе имаат невообичаена конкуренција од виртуелниот свет. На крајот од 2020 година вљубениците во овие автомобили од соништата добија навистина убав подарок од „Синиот овал“ – Ford, кој беше првиот голем автомобилски производител кој претстави виртуелен тркачки автомобил P1, модел со вистинска скала.

Поради кризата со коронавирусот, градициозната презентација на автомобилот се одржи само онлајн. Сепак, фотографиите веднаш беа видливи за гледачите. Практично, повеќе од имспресивно е како производителот на автомобили со седиште во Келн го има развиено виртуелното превозно средство заедно со членовите на гејмерската заедница и сега го има оживеано.

Резултатот е со исклучително рамно купе, за кое фановите имаа право да гласаат на Твитер за пакетите системи и функции на тркачки автомобили и системи, вклучително и конфигурација на седишта, позиција на моторот и дизајн на пилотската кабина. Според Ford доставени се речиси четвртина милион предлози.

„Колку импресивно возило. Го сакам секој детаљ од тркачкиот автомобил. Кога разговаравме за различни дизајни порано годинава за мене беше од решавачко значење тоа да е несомнено Ford. Процесот на заедничкиот дизајн, во кој гејмерската заедница работи заедно со нашата исклучително амбициозна дизајнерска екипа беше особено иновативен“, вели Стјуарт Роули, претседателот на Ford Europe.

Тркачкиот автомобил Р1 на тимот Fordzilla е изграден околу монококна конструкција со сериозна заштита на возачот и на патникот напред. Футуруистичкиот изглед не само што ги замаглува границите меѓу внатрешноста и надворешноста, но исто така го нагласува и дизајност сличен на Формула 1 на тркачкиот автомоби, објаснуваат инженерите на Ford.

Во кокпитот има LED инструменти и интегриран екран на воланот. Тоа дозволува размена на податоци со тимот во боксот. Целиот ентериер е дизајниран да му помогне на натпреварувачот со минимизирање на секаков вид на расеаност за време на трката  и да го зголеми задоволството од трката.

И нешто друго прави Fordzilla P1 кое е многу посебно. Поради пандемијата тркачот е проектиран од тимот, кој никогаш порано се нема сретнатно, делумно работел од дома и бил лоциран во пет различни земји. Само за седум недели тркачкиот автомобил прави скок од виртуелниот свет кон реалноста. Возачите на Ford потцртуваат дека тоа е помалку од пола од времето, кое обично е потребно за ваков проект.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK