Skoda Кodiak добива своја луксузна верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот кој на почетокот на март ќе се одржи во Женева ќе биде шанса за промоција на најлуксузната верзија на Kodiak– Laurin & Klement. Досега верзија K&L имаа само Superb и Octavia, со оглед на тоа што тие се најлуксузните во целата гама на Skoda. Инаку, луксузната верзија е крстена по основачите на компанијата Вацлав Лаурин и Вацлав Клемент.

Kodiak добива нова хромирана радијаторна решетки, лесни промени на задниот дел и две цевки на ауспухот, а едната е само за декорација.

Големиот СУВ има тркала од 19 инчи и добива табли со натпис Laurin & Klement, за да се разликува од масовниот Kodiak, а дел од стандардната опрема остануваат и ЛЕД сијаличките.

Во ентериерот се појавува нов кожен волан, кој може да биде црн или беж, но и натписите кои укажуваат на луксузната верзија. Ги има на седиштата, арматурната табла, па дури и на екранот на инфо-системот.

Покрај тоа има и дополнување на сериската опрема: аудио систем Canton, внатрешно ЛЕД осветлување, алуминиумски педали… Регулирањето на седиштето на возачот е со електрично придвижување.

Основниот мотор за новата верзија е новиот 1,5 литров TSI мотор на VW Group со моќност од 150 коњски сили. Следува 2-литарскиот TSI, чија моќност е зголемена од 180 на 190 коњски сили. Дел од гамата е и 2-литарскиот TDI во две варијанти на моќност од 150 и 190 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK