Скандалот со издувните гасови не запира – истражители влегоа во FCA

ОБЈАВЕНО НА:

Скандалот со манипулација на производителите на автомобили со издувните гасови никако да заврши. Откако Дизелгејт дојде до разрешница, а многу други производители се спогодија со обвинителствата, следи ново продолжение на овој скандал.

Како што пренесуваат повеќето европски агенции, истражители влегле во административните канцеларии на FCA и Iveco во Германија, Швајцарија и Италија.

Станува збор за активности поврзани со манипулирањето на издувните гасови поточно за возила кои ги поминуваат успешно тестовите за контрола на штетните гасови, но при возењето покажуваат други, полоши резултати.

Засега не се откриваат кои возила се спорни, но се шпекулира дека станува збор за модели од брендовите на Fiat, Jeep, Alfa Romeo и Iveco произведени во периодот од 2004 до 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK