Само Порше Македонија во Топ-100 најпрофитабилни компании во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Импортерот на автомобилите Порше Македонија кој е застапник за брендовите Volkswagen, Porsche, Seat, Audi и Skoda во Македонија се најде на листата на најпрофитабилните Топ-100 компании за 2019 година во нашата земја. Тој е единствениот импортер од Македонија што се најде на листата.

Истат е изработена од порталот www.pari.com.mk во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк. Рангирањето е направено според остварениот нето профит (добивка) за последната фискална година.

Порше Македонија во 2019 година имале добивка од 145.863.082 денари и имале раст од 6,9 отсто во однос на 2018 година. Компанијата во 2018 година беше на 67 место.
Порше Македонија истовремено има и најголем пазарен удел во продажбата на нови возила во Македонија повеќе години по ред.

Прв на листата е Џонсон Мети кој се искачи на првото место иако имаше пад на добивката од 21 отсто (4.734.663,136 денари). Влез во Топ-5 направи и ЕВН Македонија која пријави профит од 98,33 отсто (2.093.474.509 денари).

Целата листа погледнете ја на следниот ЛИНК.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK