Подморницата на Aston Martin наскоро во вода

ОБЈАВЕНО НА:

Минатиот септември од компанијата Aston Martin беше објавено дека во соработка со Triton Sumbarines ќе се работи на специјалната лимитирана серија на луксузни подморници. Сега од легендарната марка беше објавена вест дека проектот Project Neptune е во развој и дека дизајност е веќе завршен.

Следниот чекор ќе биде почетокот на изработка на првиот комплетиран претставник кој ќе биде претставен подоцна во текот на годината.

Од Aston Martin велат дека за да може Project Neptune да биде достоен да го носи амблемот на марката ќе треба да ги покаже сите оние квалитети како претставителност, убавина и елекганција, на кои клиентите во компанијата се навикнати да ги имаат како асоцијација за возилата. Од фирмата велат и дека подморницата нема да биде воена, туку ќе се работи за научна подморница која ќе дава можност за видливост од 360 степени.

Објавени се и првите технички детали за Project Neptune. Подморницата ќе биде во состојба да оперира на длабочина од 500 метри, а во исто време ќе биде и способна да пренесува двајца патници и еден пилот.

Според очекувањата моделот ќе може да се движи со брзина од 10 км/ч, а ентериерот ќе биде персонализиран и ќе се изработува во согласност од барањата на клиентите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK