Топ-5 дестинации кои љубителите на автомобили мора да ги посетат

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте вљубеник во авотмобилите и сакате одлична авантура тогаш најдете сопатник, подгответе го куферот и веднаш упатете се кон една од следните пет дестинации кои се идеални за вас.

Хавана, Куба
Ако сакате ретро автомобили, а немате ништо против плажи, рум и убави жени тогаш Хавана треба да ви биде првата дестинација која треба да ја посетите. Хавана, но и генерално Куба е популарна кај вљубениците во автомобилите поради ретро автомобилите кои може да се сретнат на овие улици.

Тука нема да сретнете нови автомобили. Најголем дел се од 50-те и 60-те години, па така тука ќе видите бројни Ford, Buick, Dodges автомобили, најголем дел во двобојна каросерија.

Image result for havana cars

Ле Ман, Франција
Претпоставувате, оваа дестинација се најде на оваа листа токму поради популарната трка 24 Le Mans. Овој мал град секоја година е посетувано од илјадници туристи кои уживаат во звуците на супер моќни автомобили, но и во бројните изложби на олд-тајмери и концепти – автомобили на иднината.

За храната, останатите знаменитости и форми на забава нема потреба да се трошат зборови.

Image result for 24 le mans

Нирбургирнг, Германија
Тука се наоѓа најпопуларната патека за тркање и возење автомобили. Многу производители токму на оваа патека ги тестираат своите најнови модели и нивните спортски автомобили. Посета на некоја од Формула 1 трките не е лоша идеја, но далеку подобра е да седнете зад воланот на некој од автомобилите и да извозите барем еден круг.

Посебна приказна е уживањето во германско пиво и колбаси.

Related image

Монте Карло, Монако
Самото име асоцира на луксуз и казина, но и на најпопуларната Формула 1 трка која секоја година е дел од календарот на ова натпреварување. Ова е главната причина зошто ова место се најде на листата.

Но и доколку не го посетите за време на Формула 1 шампионатот, на улиците и пред хотелите и казината ќе ги сретнете најлуксузнита автомобили некогаш произведени, а во близина на брегот и ултра луксузните јахти вредни и по стотици милиони евра.

Image result for monte carlo f1

Дејтон, САД
Оваа плажа на Флорида е последната дестинација на оваа листа. Причината поради која воопшто се најде на оваал иста е тоа што тука се одржува популарното Daytona 500 рели, но и изложбата што се одржува во рамките на оваа манифестација.

Покрај тоа тука можете да уживате и во долгите песочни плажи, коктелите и многу забава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK