Рекордни резултати: SEAT S.A. објави оперативен профит од 501 милион евра

ОБЈАВЕНО НА:

SEAT S.A. постигна рекордни финансиски резултати помеѓу јануари и септември 2023 година водени од зголемениот обем на SEAT и подобрувањата на ефикасноста, како и од успехот на CUPRA. Приходите од продажба на SEAT S.A. се зголемија за 38,6 отсто на 10,837 милијарди евра во првите девет месеци од годината, што е највисока сума во историјата на компанијата.

“Постигнавме рекордни резултати помеѓу јануари и септември и ова се многу позитивни вести.”, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. ”

Успехот на резултатите од SEAT S.A. е главно воден од зголемувањето на обемот на испораки. Помеѓу јануари и септември, бројот на испорачани возила од страна на компанијата се зголемил за 34,2 отсто, достигнувајќи 391.800. Во овој период SEAT S.A. испорача речиси 100.000 автомобили повеќе од истиот период од 2022 година (292.000) и испораките веќе го надминаа резултатот за претходната цела година (385.600).

SEAT придонесе за зголемување на продажбата на компанијата благодарение на опоравувањето на снабдувањето со полупроводници и други основни компоненти, кои овозможија нивото на производство да се зголеми оваа година. Помеѓу јануари и септември 2023 година, испораките на марката SEAT пораснаа за 21,6% достигнувајќи вкупно 221.700 испорачани возила (182.300 во истиот период од 2022 година).

SEAT Arona остана најпродаваниот модел на брендот помеѓу јануари и септември 2023 година (72.200 единици; +26,8%), по што следи SEAT Ibiza (59.400; +45.0%). Главните пазари на брендот во овој период биле Шпанија (46.500; +20.1%), Германија (45.200; +20.1%) и Обединетото Кралство (24.300; +43.2%).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK