Рекорд: Годинава од патарини ќе се соберат над 54 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните четири години за патарина на македонските автопатишта се потрошени околу 178 милиони евра

Во 2022 година приходот на Јавното претпријатие за државни патишта треба да биде околи 54 милиони евра. Заклучно со ноември за користење на автопатиштата македонските граѓани платиле речиси 49 милиони евра објави АлсатМ ТВ.

Се очекува оваа 2022 година да биде рекордна според приходите. Тоа е поради зголемениот број на транзит низ автопатиштата, но и поради зголемениот број на патарини.

Најмалку пари во државната каса по овој основ во последниве четир години се слеале на стартот на пандемијата, односно во 2020 година, кога биле наплатени 34 милиони евра, година претходно или 2019 граѓаните за патување со моторно возило од едно до друго населено место платиле над 43 милиони евра. Лани пак за патарини граѓаните искеширале близу четириесет и шест и пол милиони евра.

Според Законот за државни патишта цените на патирините во Македонија се одредуваат според должината на патувањето, односно еден поминат километар чини 2,57 денари.

Последната патарина во земјава беше пуштена во средината на 2019 година на автопатот Гоце Делчев. Според ценовникот на ЈПДП, од Скопје преку Миладиноци до Штип треба да се платат 160 денари. Истата сума ја плаќаат и граѓаните кои секојдневно циркулираат на потегот Тетово – Скопје за двата правци, пишува АлсатМ

Следете не и на:

24AUTO NETWORK