Пајак службата во 2019 година подигнала 15.412 возила и заработила 420.000 евра од казни

ОБЈАВЕНО НА:

Тука не се вклучени возилата што ги има подигнато ПОЦ каде со пајак службата управува Општина Центар. Заклучно со декември 2019 година за потребите на граѓаните ЈП Градски Паркинг - Скопје има ставено во употреба 8.999 паркинг места.

Пајак службата на градски паркинг во Скопје во 2019 година подигнал 15.412 неправилно паркирани возила во Скопје, и само од наплатени казни за тоа инкасирале 420.000 евра (25.844.323 денари). Тоа е за 3,5 отсто поголем приход во однос на 2018 година и „плус 845.448 денари“.

Според финансискиот извештај на Градски паркинг, дополнителн приход од подигање на возила е и со подигање по пријава на трети лица, и за тоа биле наплатени 214.584 денари.

Тука не се вклучени возилата што ги има подигнато ПОЦ каде со пајак службата управува Општина Центар.

Споредено со 2018 година, има зголемување од 619 подигнаи неправлно паркирани возила.
Во однос на „најплодните месеци“, најмногу подигнати возила имало во февруари (1554) и март (1590 возила) 2019 година. Најмалку работа пајак службата имала во јуни кога се подигнати 962 возила и тоа е единствениот месец кога бројката била под 1.000 возила.

Според ценовникот на секторот пајак во Градски Паркинг во Скопје, ако вашето возило било неправилно паркирано, тогаш ќе треба да платите казна за прекршокот и плус да го платите користењето на пајак возилото со кое истото ќе биде пренесно во Депо Пајак.

* Подигнување и пренос на возилото во Депо Пајак по налог на овластено лице чини 2500 денари.

* Подигнување на возило од зелена површина по налог на комунален инспектор и пренос на возилото во Депо Пајак чини 3.500 денари.

* Подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува чини 1500 денари.

Заклучно со декември 2019 година за потребите на граѓаните ЈП Градски Паркинг – Скопје има ставено во употреба 8.999 паркинг места. Од тоа 1720 паркинг места се т.н. „затворени“ јани паркиралишта, 6.229 паркиг места на јавните површини наменети за паркирање каде истото е зонски организирано, и 1050 паркинг места што се ставени во употреба преку треиот вид на уредување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK