Објавен нов адреналински трејлер за филмот Fast & Furious 9

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 28 мај, објавен е вториот трејлер за 9-то продолжение од познатиот серијал на филмови Fast & Furious, познат како F9.

Главната улога во филмот ја толкува Вин Дизел кој се јавува и како продуцент. Во останатите улоги настапуваат и Мишел Родригез, Тајрес Гибсон, Крис Бриџс, Џона Цена, Џордана Бревстер, Наталија Емануел, Сунг Кан, Хелен Мирен и Шарлиз Терон.

Досега во овој филм се вложени повеќе од 200 милиони американски долари. Премиерата е закажана за 19 мај во Јужна Кореа, а во САД премиерно ќе биде претставен на 25 јуни.

Трејлерот може да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK