Одличен успех – Skoda произведе 3 милиони возила во Кина!

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda, онаква каква што ја знаеме веќе со години ги спроведува своите бизнис активност во Индија и Кина. Токму во Кина чешкиот производител го прослави производството на 3 милионитиот примерок.

Станува збор за моделот Karoq произведен во фабриката во кинескиот град Нингбо, наменет за тамошниот, кинески пазар.

Инаку оваа успешна приказна на Skoda започна во 2007 година. Skoda тогаш со заедничка соработка на кинески компании го започна производството на возила за оваа земја кои ценовно се позиционираат под Volkswagen и Audi.

Токму целта на Volkswagen Групацијата беше овој бренд да се продава како нискобуџетен, па во однос на продажбата може да се каже дека Skoda успешно ја исполни целта.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK