Од денеска нови прописи во ЕУ за издувните гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Од денеска во Европската унија на сила се построги еколошки норми кои треба да ги задоволат новите автомобили кои се продаваат на територијата на Унијата. Сега лабораториските преглед, што треба да ги поминат новите модели се подетални, а освен тоа автомобилите ќе треба да се тестираат и во движење на „отворени патишта“, додека специјална опрема е прицврстена за издувниот систем.

Тестовите се дел од европските прописи, насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени преку обезбедување на точни мерења на гасови како јаглерод диоксид и азотни оксиди. Покрај тоа ќе се обезбедат и точни информации за реалната потрошувачката на гориво.

Возењето по реални патишта треба да отстрани можноста на производителите да мамат на тестовите за емисии на гасови. Volkswagen Group, на пример, во 2015 година инсталира специјален софтвер на дизел модели кој успеа да манипулира со резултатите за емисијата на гасови, вклучувајќи се кога возилото реално се движи по отворен пат. Од Volkswagen изјавија дека 11 милиони од нивните возила биле погодени од скандалот во светот.

Експерти сепак коментираат дека тестот Real Driving Emissions (RDE), кој предвидува испитување на автомобилите во движење по отворени патишта, нема да го елиминира ризикот автопроизводител да лажеш и да повторат Дизелгејт скандалот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK