Mustang падна на тестот: „Мизерни“ две ѕвездички на Еуро НЦАП

ОБЈАВЕНО НА:

Важи за посакуван автомобил, со спортски изглед, богата историја, но на последното тестирање за безбедност во Европа постигна неочекувано лоши резултати. На последното тестирање на Еуро НЦАП, Ford Mustang освои две од можни пет ѕвездички, што е многу малку за таков тип на автомобил.

Првите проблеми за мускулестиот автомобил се појавија при фронтален судар на Еуро НЦАП тестирањата. Било утврдено дека предните воздушни перничиња не се надувуваат доволно за правилно да ги сопрат патниците.

Разочарувачките резултати продолжуваат со високиот ризик од абдоменални повреди при целосен преден судар, и имало повреди на главата на 10 годишните кукли што биле во автомобилот. Проблем е што возилото немало безбедноста технологија за европските купувачи каква што има преку Атлантикот во Америка.

Ford не очекувал дека ЕуроНЦАП ќе направи тестирање на Mustang и не ги задоволиле безбедносните стандарди во Европа. Од компанијата стигнало известување дека освежената верзија на Mustang што треба да почне да се продава кон крајот на годинава ќе биде опремена со Pre-Collision Assist и Lane Keep Assist како стандард, па и оваа верзија очекуваат повторно да биде тестирања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK