Германија е најголем светски извозник на автомобили, Италија не е ниту во топ 10

ОБЈАВЕНО НА:

Германија е најголем извозник на автомобили, покажуваат последните официјални податоци. Оваа европска земја има учество од 21,3% во глобалниот извоз или преведено во апсолутни бројки, Германија има годишен извоз од 157,4 милијарди американски долари.

Со ова Германија е апсолутен лидер пред Јапонија на втората позиција со извоз од 93,4 милијарди долари што претставува 12,6% од глобалниот извоз кој изнесува 740,1 милијарди евра. Во топ 3 земји место има и за САД со извоз од 53,6 милијарди долари.

На следната позиција изненадувачки се наоѓа Канада со извоз од 46,4 милијарди долари, а најдобрата петорка ја комплетира Велика Британија со 41,9 милијарди американски долари.

Од 5-та до 10-та позиција се наоѓаат уште и Мексико, Јужна Кореа, Шпанија, Белгија и Франција. Интересно е што некогашната велесила Италија сега не се наоѓа ниту во топ 10-те земји извозници. Со извоз од 18 милијарди долари оваа земја се наоѓа на 12-та позиција, пред Словачка, Турција и Тајланд.

Сепак и покрај тоа Италија, споредбено со минатите 10 години кога FCA кој е носител на оваа индустрија во Италија беше во криза, Италија бележи раст од 2,4%.

Најдобро рангирана земја од регионот е Турција со годишен извоз на нови автомобили во висина од 11,8 милијарди долари. Србија пак со 1,1 милијарда се наоѓа на 34-та позиција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK