Ако патувате во оваа земја: Задолжително мора да имате вградено аларм на детските седишта

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да се зголеми безбедноста на патниците, особено на малите деца кои се превезуваат на задните седишта, властите во Италија донесоа одлука која предвидува сите детски седишта и транспортери во возилата да бидат опремени со аларм.

Целта е да се спречи да се заборават децата во автомобили што може да има смртоносни последици. Често се случува во брзање сопственикот да излезе од возилото а притоа да заборави да провери дали на задното седиште има некој.

Овој закон доаѓа откако изминатото лето на Сицилија почина дете проади тоа што беше заборавено во автомобилот, а во неколку други случаеви вакви несреќи беа спречувани навремено.

Министерството за сообраќај на Италија го ратификуваше законот па така доколку превезувате дете на задното седиште во специјално, детско седиште или транспортер, а при тоа немате вградено аларм тогаш ќе се соочите со парична казна и до 325 евра.