Макпетрол со наградна игра вредна 100.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку сакате да освоите автомобил, скутер, чамец, лап топ или ваучери за гуми, масла и други награди, треба да учествувате во наградната игра на Макпетрол што ќе трае до крајот на годинава.
Во период кога компанијата слави 70 години од постоењето за своите лојални корисници Макпетрол организира наградна игра вредна 100.000 евра во која ќе бидат доделени 2 скутера Honda, веспа Honda, чамец со приколка и вонбродски мотор Honda, Honda Jazz, Honda Civic и Honda CRV.

Наградната игра по повод 70 годишнината на Макпетрол нема да биде единствената активност оваа година. Како и во изминатите неколку години, продолжуваме со реализација на други интересни промоции на бензиските станици наменети за нашите потрошувачи, за кои членовите на ВЕРНА програмата за лојалност ќе бидат редовно известувани – истакнаа од компанијата.

Првото Мастер коло се состои од 6 месечни кола, 2 Летни полуфинални кола и едно Летно финално коло. Второто Мастер коло се состои од 2 посебни кола: Есенско коло и Зимско коло и едно Новогодишно финално коло.
За лојалните корисници на Верна картичката за лојалност подаруваме многу вредни награди. Со секои впишани 10 поени на Верна картичката нашите корисници добиваат по една шанса за награда. Односно, колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка!

„Секој месец подаруваме – 2 лаптопа Дел, 2 викенда за двајца во хотелот на Макпетрол во Струга, 10 ваучери за гуми, 20 ваучери за Лубекс моторни масла, 30 ваучери за Кристал Кар средство за стакла и 40 Верна поени во вредност од 1000 денари“ – изјави Мишко Тасевски, раководителот на сектор за маркетинг во Макпетрол.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK