ЛЕТО 2023: Сместувањето во Хрватска ќе биде поскапо и до 35 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Ова лето може да нè шокираат цените на сместувањето во соседството, па се очекува изнајмувањето на апартманите во Хрватска да бидат поскапи и до 35 проценти. За разлика од порано Хрватска сега станува се помалку посакувана дестинација за македонските граѓани, пред се поради високите цени.

Поради инфлацијата, цените на апартманите и хотелите ќе бидат поскапи, а се очекува цените да поскапат и поради преминувањето на плаќање во евра.
Токму затоа има се помалку понуди во туристичките агенции за летување на хрватското крајбрежје.

„Сопствениците на апартманите може да ги зголемат цените од 20 на 30 проценти, дури и 35 проценти во некои делови каде има поголема побарувачка. Ова значи дека сите закупнини отидоа „до небото“, вели Мирко Булиќ од хрватската заедница на Здружението на апатманско сместување.

Како што пишува Net.hr, и хотелите ќе го следат апартманското сместувањето во шпицот на сезоната, така што цените ќе скокнат и до 30 проценти. Поскапи се и патувањата преку туристичките агенции.

„Во споредба со 2022 година, цените се зголемија помеѓу 10 и 15 проценти, зависи кои услуги“, вели Борис Жгомба, претседател на Здружението на туристички агенции во хрватската стопанска комора.

Сепак, тој посочува, цените ја зголемуваат конкуренцијата, па и разликите и не се толку големи.

Четиричлено семејство во шпиц на сезоната за сместување на островот Паг реба да издвојат од 600 до 2.000 евра. На островот Крф во Грција им треба од 600 до 1.500 евра, и на Сицилија од 700 до 2.000 евра. Со белешката дека секогаш може да помине поевтино, но и поскапо.

„Мислам дека зголемувањето на цената од 10 до 15 проценти нема да ги има ефектите од оваа сезона затоа што тоа е светски проблем и практика. Очекуваме една добра, избалансирана и нормална туристичка година “, изјави Жгомба за РТЛ.

Сега веќе почнуваат и агенциите да ги нудат своите понуди за летните одмори, но едно е сигурно – ќе треба да брцнете подлабоко во џебот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK