Lada Vesta Cross со клиренс од 203 мм.

ОБЈАВЕНО НА:

Се појавија првите фотографии и информации за верзијата Cross од моделот Веста, а тие беа објавени од LADA. Од компанијата коментираат дека ова е првиот предлог во овој сегмент, кој го обединува класичниот дизајн на возилата седан со нестандарна применливост на кросовер моделите.

Од AVTOVAZ велат дека LADA Vesta Cross ги има сите предности на веќе познатото комби Vesta SW Cross, но во пакување на автомобил седан. Возилото оди со специјално разработени надворешни елементи како 17-цолови бандажи, оптимизирана суспензија и управување и зголеменост до импресивни 203 милиметри растојание од патот.

LADA Vesta Cross, се одликува со тематска исполнетост на ентериерот. Возилото е со должина од 4410 мм, ширина 1785 мм и висина 1526 мм. Растојанието меѓу оските е 2635 мм.

Во моментов LADA располага со пазарни модели во четири автомобилски сегменти, а клиентите можат да избираат меѓу моделите Vesta, XRAY, Largus, Granta, Kalina, Priora и 4х4.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK