ХЕРОЈ: Како возач на автобус спречи сообраќајна незгода (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Една постара снимка ни покажува зошто е потребно секогаш да бидеме “будни” додека возиме. На автопат некаде во Велика Британија еден возач на Golf GTI изгуби контрола над возилото со што се испречи на две коловозни ленти.

Зад него возач на автобус остана присебен и при брзина од 98 км/ч успеа да застане буквално на милиметар пред да го удри. Инаку при оваа брзина на тешкиот автобус му беа потребни само 7 секунди да запре.

На крајот од патниците доби аплауз – сосема заслужено, нели?

Следете не и на:

24AUTO NETWORK