Кој ќе оди во историјата: Бензинот ќе го надживее дизелот?

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните години автомобилите опремени со мотори со внатрешно согорување, бензинците и уште повеќе дизеловите, се судираат со проблеми под формата на ограничувања и забрани од властите. Притисокот за електрификација на автомобилите е толку голем што автомобилските производители се принудени да се фокусираат на производството на електромобили.

Први со офанзивата во Европа почнаа од концернот Vоlkswаgеn, a ceгa и француските производители ударно се преориентират. Според најновите податоци фабриката на Stеllаntis во Трeмeри, Фрaнција позната како најголемата фабрика за склопување на дизеловите мотори во светот, ќе почне да произведува по 180.000 електрични мотори во годината.

Се очекува до 2025 година кога некои европски држави ќе запрат со продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување, производствените можностии да бидат по 1.000.000 електрични мотори годишно. Во исто време персоналот може да има проблеми поради фактот дека во еден електромотор има значително помалку делови од тие, неопходни за дизеловиот агрегат, така што централата нема да има потреба да задржи толку многу вработени.

Во исто време во САД претседателот Џо Бајден исто така зазема „зелена“ позиција и уште со стапувањето на должност повика на создавање на еден милион работни места во автомобилските компании за производство на електрични автомобили. Покрај тоа во блиска иднина тој планира да го префрли целиот федерален автомобилски парк кон еколошки транспорт.

Порано беше соооштено дека и во есента во 2020 година продажбите на електричните автомобили во Европ веќе ги надминале продажбите до дизел мотори. Дури и германците запираат постепено со развојот на нови дизел мотори, а освен кон електричните се ориентират и кон малите по обем бензинови мотори.

Според сè наликува дека електрификацијата ќе се случи, а дизел моторите постепено ќе исчезнуваат, но бензиновите мотори со внатрешно согорување ќе се задржат уште долго на пазарот. Тие главно ќе бидат користени за производство на хибриди, но бензинот ќе остане фактор така што дизелот нема да може да го надживее бензинот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK