Јубилеј за компактните возила на Mercedes

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто причината за славење се наоѓа при постигнување на некоја „округла бројка“, но Mercedes реши вниманието да го привлече со продажбата на 5.555.555 компактен автомобил. И ова доаѓа по 20 години од лансирањето на А class која има над 3 милиони реализирани продажби.

Од Mercedes-Benz велат дека додека првите генерации на A-Class, B-Class, CLA, CLA Shooting Brake и GLA, го привлекоа вниманието на корисниците со својата функционалност, новите генерации компактни модели лансирани во 2011 година, станаа попривлечни пред сè благодарение на неговиот спортски дизајн.

Во Mercedes-Benz коментираат исто така, дека во текот на годините, клиентите на компактните модели на марката станувале сè повеќе млади, и во моментот нивната просечна возраст е 13 години помала во споредба со онаа на корисниците на A-Class во 2011 година. Во Кина, секој трет клиент на брендот е под 30 години.

Од Mercedes-Benz најавуваат исто така, дека компанијата ќе има вкупно осум понуди во компактниот сегмент, а еден од следните чекори ќе биде сериската верзија на концептот A Sedan, покажан за време на салонот во Шангај во април.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK