Ако немате пари за Porsche Cayenne Coupe тука е Changan Uni-K

ОБЈАВЕНО НА:

Changan Automobile е кинеска државна компанија која меѓудругото производува возила. Во пресрет на саемот за автомобили кој на крајот на месецот започнува во Гванжу, оваа компанија го претстави својот најнов модел.

Станува збор за SUV моделот Uni-K кој според дизајнот, формата и најавите претставува евтина алтернатива за Porsche Cayenne.

Димензионално е за 5 цм пократок од германскиот конкурент. Оттука должината изнесува 4,865 мм, ширината 1,948 мм, висината 1,700 мм додека меѓуоскиното растојание 2,890 мм.

 

Во однос на мотористиката, централно место зазема 2,0 литарскиот турбобензински четири цилиндрен мотор со осум степен автоматски менувач. Максималната моќност изнесува 229 КС и 360 Nm.

 

Во производство доаѓа во првиот квартал следната година, а почената цена се очекува да изнесува 27 илјади американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK