Hyundai од денеска продава само еден тип возила во Норвешка

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai Motor Norway објави дека од 1 јануари 2023 година, компанијата ќе продава само и само 100% електрични автомобили на локалниот пазар, односно во Норвешка.

„Имаме силна верба во нашето портфолио на модели и сега кога го лансираме целосно новиот IONIQ 6, време е да продаваме само целосно електрични автомобили на норвешкиот пазар“, коментира Томас Росволд, управен директор на Hyundai Motor Norway. „IONIQ 5 и KONA Electric долго време се етаблираа како едни од најпопуларните автомобили на пазарот и уверени сме дека нашите целосно електрични автомобили ќе го продолжат нашиот успех и во иднина“.

Росволд вели: „Неодамна ги видовме и првите слики од новата генерација на KONA Electric, и тоа е модел кој ќе биде и поголем и стилски, и подинамичен од кога било. Заедно со уште неколку иновативни модели во наредните години, генерално сме подготвени за целосно електричната иднина“.

Во 2022 година, пазарниот удел на целосно електрични автомобили што Hyundai ги продава во Норвешка ќе биде на ниво од 93% од вкупната продажба на марката. Овој резултат доаѓа во позадина на севкупниот пазар во земјата каде доминираат 90% целосно електрични автомобили.

Податоците на Hyundai покажуваат дека 25.000 негови автомобили биле продадени во Норвешка во последните 3 години, од кои 92% биле целосно електрични.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK