Доаѓаат џамбо автобуси за превоз на 135 патници

ОБЈАВЕНО НА:

Во Гетеборг стартуваше тестирање за нов електричен автобус за градско возење. Volvo 7900 Electric е долг 18.7 метри и може да превезува до 135 патници што е далеку повеќе од досега користениот модел од 12 метри.

Во тестирањата во моментов учествуваат само два прототипови на ElectriCity, кој има три оски. Од Volvo тврдат дека се подготвени да влезат во сериско произвдство и да почнат да ги опслужуваат граѓаните на Гетеборг со нови автобуси уште во јуни.

Инженерите од Шведска кај 7900 Electric го немаат решено прашањето со поголемото оптоварување со монтажа на повеќе батерии. Место тоа Volvo вложи во системот OppCharge за брзо полнење со моќност до 450 кВт, која го пополнува капацитетот на акумулаторите за време на паузата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK