Британците направија хибриден бизнис-џет авион

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Samad Aerospace од Универзитетот Кранфилд од Велика Британија на меѓународниот авиосаем во Сингапур демонстрираше хибриден авион. Starling Jet може вертикално и да полетува и да слетува. Во современите проекти на хибридни авиони конструкторите користат гасни турбини со електрични генератори од кои добиваат сила електричните мотори, а воедно се полнат и акумулаторните батерии.

Таквиот систем е попрофитабилен во сите погледни. Хибридните авиони се поекономични и поеколошки во однос на традиционалните, а може да се користат и нестандардни решенија за изгледот. Британците, на пример планираат да го изградат својот Starling Jet по шемата „мешано крило“, во кое трупот ќе нимува низ конзолата на крилата. При оваа шема силата на кревање се создава од двата елементи заедно.

Starling Jet ќе може да превезува до десет патници на растојание од 2400 километри, а ќе има максимална брзина од 740 километри на час. Испитувањата за бизнис-џет во авион се пласнирани за 2019 година, а сертификацијата на летечкиот објект Британците планираат да ја исполнат до 2024 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK