BMW не се откажува така лесно – ќе произведува бензинци уште 30 години

ОБЈАВЕНО НА:

Популаризацијата на електричните автомобили според многу познавачи на автомобилската индустрија значи и крај на производството на традиционални автомобили со дизелски и бензински агрегати.

Тука во прв ред се мисли на големите производители како Volkswagen, Audi, Mercedes, BMW кои имаат знаење и финансии за електрична транзиција, оставајќи им на другите помали производители и натаму да произведуваат автомобили со дизелски и бензински агрегати.

Ова дефинитивно нема да важи за BMW. Шефот за истражување и развој на овој производител, Клаус Фролих, за Automotive News Europe изјави дека и во наредниот период BMW ќе произведува автомобили со турбо-дизелски и бензински мотор. Првите, оние опремени со турбо-дизелски 4 и 6 цилиндрени мотори ќе се произведуваат уште најмалку 20 години додека оние опремени со бензински мотори уште минимум 30 години.

Фролих открива дека наскоро ќе се “пезионира” V12 бензинскиот мотор кој се очекува да не е дел од понудата по 2023 година како и од 1,5 литарскиот дизелски мотор кој ќе биде во понудата само во наредните неколку години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK